Ѓорѓи Ѓорѓиев: Во најважните моменти покажавме карактер и квалитет!

133

Македонската одбојкарска репрезентација со убедлива победа ја отвори европската сребрена лига, на домашен терен ја совлада Босна и Херцеговина со 3-0. „Црвено-жолтите“ беа доминантни во првите два сета, по што темпото падна во третиот сет. Но, и покрај тоа одбојкарите успеаја да го добијат и да го решат мечот без загубен сет.

„Очекувавме да биде потешко во првите два сета, имаме малку повеќе млади играчи, тука е и смената на генерација. Одигравме одлично во тие два сета, потоа ни падна концентрацијата, што до некаде е очекувано, кога ќе одиграш добро на стартот. Но, во најважните моменти покажавме карактер и квалитет“, изјави Ѓорѓи Ѓорѓиев.

Следен противник е селекцијата на Романија, спред нашиот техничар, станува збор за квалитетна репрезентација, но сите веруваат дека можат да дојдат до победа.

„Романија е добра репрезентација, познаваме дел од играчите, но не е непобедлива, одиме да го дадеме максимимот и одиме на победа“. 

ПретходноРаботнички со победа ја заврши сезоната за заборав!
СледноПрв евро-трофеј за Рома, петти за Жозе Мурињо!