Салата „Јане Сандански“ не беше исполнета како што знае да биде, особено кога станува збор за последниот меч од една сезона кога Вардар треба да го подигне пехарот. Топлото време и раниот термин на одигрување на дуелот со Тиквеш е една од причините поради која во салата имаше околу 400 поддржувачи на „црвено-црните“.
А на пехарот број 15. оваа сезона, најмногу се израдуваа верните „Комити“ и најмладите фанови на Вардар. Тие на крајот ја направија фотографијата за историја.