МЗТ 2 со убедлива победа се прости од прволигашкото друштво

75

МЗТ Скопје 2 оствари убедлива победа над Куманово со 94-64 и на тој начин се збогува со прволигашкиот ранг. По три години втората екипа на МЗТ не успеа да го задржи местото меѓу најдобрите.

Денеска талентираните играчи на МЗТ 2 ја запишаа најубедливата победа сезонава, а противникот Куманово настапи со само три стандардни кошаркари. Домашните отворија со серија од 10-0, а натаму ја „билдаше“ предноста и ја држеше до самиот крај.

Максим Митевски беше најефикасен со 20 поени, 5 скока и 5 асистенции, а по него Лука Петровски постигна 15 поени. Кај Куманово 23 поени и 13 скока запиша Стеван Глигоријевиќ, а со 19 поени се истакна Димовски.

ПретходноАндонова продолжи со Леванте
СледноВардар 1961 – владетелот во македонскиот ракомет (ФОТО)