Во пресрет на стартот на подготовките за настапот на нашата А- репрезентацијата во Лигата на Нации и пред мечот со Бугарија, селекторот Благоја Милевски денеска на прес покрај другото кажа…
„За жал почнуваме со проблеми. Костадинов и Ристовски не се тука, Адеми и Јаховиќ јас ги ослободив поради напорна сезона. Ердал Ракип поради семејни причини откажа. На овие мечеви секако ќе имаме пред се резултатски предизвик, а потоа ќе видиме со што располагаме во однос на составот во моментов“.
И тој е свесен дека некои играчи не се во натпреварувачка форма…
“Не можете да барате од играчите да бидат во натшреварувачка форма затоа што е крај на сезоната, дел сеуште играат. Велковски вечерва игра финале, Трајковски, Алиоски играат вкендов, Етеми исто така. Сепак ова ќе биде најголем тест за потенцијалот со кој располагаме“ вели Милевски.