Станојевиќ поднесе оставка на кормилото на Партизан

200

Белградски Партизан останаа без тренер откако Александар Станојевиќ поднесе оставка по поразот во финалето на Купот на Србија.

Фудбалерите на Партизан сезонава останаа без трофеј, бидејќи по шампионската титула ја загубија и битката за Купот на Србија. И двата трофеи завршија во рацете на Црвена звезда, а по завршувањето на уште едно „вечно дерби“ во финалето на купот, Станојевиќ поднесе оставка.

Интересно е што Станојевиќ зимава го продолжи договорот со клубот на уште две и пол години, но таа соработка очигледно нема да ја заврши до крај.

ПретходноГолден Арт им се заблагодари на Василевски и Димитров
СледноАстон Вила купи Бразилец за 33 милиони евра