Македонската фудбалска репрезентативка Наташа Андонова останува во Леванте откако стави потпис на нов договор со важност до 2024 година. Андонова од 2019 година е во Леванте, а претходно играше за Барселона, ПСЖ, Розенгард и Турбине Потсдам.
Инаку ова е награда за добрите игри на македонската фудбалерка за тимот од Валенсија. Леванте заврши на шестото место на табелата во најсилната шпанска лига.