Астон Вила купи Бразилец за 33 милиони евра

393

Централниот бек Диего Карлос е нов фудбалер на Астон Вила. Бразилскиот фудбалер ја напушти Севиља и му се приклучи на клубот од Бирмингем потпишувајќи четиригодишен договор. Астон Вила за услугите на овој играч ќе плати 32,5 милиони евра.

Инаку 29-годишниот фудбалер пред Севиља играше за Нант и за португалски Есторил. Тој за три сезони во Севиља одигра преку 130 натпревари во сите натпреварувања, а со овој клуб го освои трофејот од Лига Европа во 2020 година.

Тој е третиот нов играч за новата сезона. Кутињо ќе биде откупен, а Бубакар Камара дојде од Марсеј како слободен играч.

ПретходноСтанојевиќ поднесе оставка на кормилото на Партизан
СледноПипо се врати: Го избркаа пред три месеци, па сега го вратија како тренер на Бреша