Ашковски: Горди сме што играме за Македонија, сите ќе го дадеме максимумот

130

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започна подготовките за престојните настапи во новото издание на Лигата на нации на УЕФА. Селекторот Благоја Милевски вечерва го реализираше и првиот тренинг со репрезентативците кои во позитивна атмосфера се подготвуваат за следните предизвици.

Дефанзивецот Стефан Ашковски пред денешниот тренинг даде свои оценки за она што не очекува во следниот период.

„За 10 дена ќе имаме четири средби, ќе биде интересно. Бугарија е силна репрезентација, но ние сме подготвени и одиме на победа. Репрезентацијата е како едно семејство, па кој и да се појави на теренот ќе го даде својот максимум, затоа што ние сме Македонски и горди сме да играме за оваа земја. Со селекторот имаме систем на работа кој функционира долг период, така што секој кој е на теренот има свои задачи и знае што треба да одигра“, вели интернационалецот од романски Сепси.

ПретходноКатаи го урна Партизан, Звезда го одбрани Куп-трофејот и заокружи двојна круна (видео)
СледноМилевски ја стартуваше операцијата „Лига на нации“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)