Вардар 1961 ја исполни целта за оваа сезона, ја освои двојната круна. На последната средба од сезоната го совлада Тиквеш и го подигна 15. пехар. Еден од најискусните во редовите на македонскиот првак, Борко Ристовски е посебно горд на тимот, пред се поради карактерот кој го покажаа и кога титулата се чинеше дека е далеку.
„Ова беше турбулетна сезона, имавме подеми и падови, на крајот Вардар ја покажа својата големина и ја освивме двојната круна, аако шансите за освојување беа помали, откако за губење.
Горд сум на овие играчи, оваа екипа, за да се издигнете по еден лош кикс како што беше со вториот тим и првиот тим на Е.Пелистер, треба да имате карактер, да имате квалитет, да останете мирни.
Исто така ме радува фактот што Вардар почна да создава играчи, шанса добиваат македонските ракометари. Талески и Томовски, тука е Гогов, кој иако не играше многу, на тренинзите напредуваше многу. Мишевски се враќа, Вардар почна да се гради“, изјави по мечот Ристовски.