Ван Бомел седна на клупата на белгиски Антверпен

87

Марк ван Бомел е новиот тренер на велгиски Антверпен, објави клубот.

Поранешниот холандски репрезентативец, ќе го наследи Данецот Брајан Приске на кормилото на амбициозниот белгиски клуб потпишувајќи договор до 2024 година.

Ван Бомел (45) ја започна својата тренерска кариера во 2018 година во ПСВ Ајндховен, но на клупата на холандскиот клуб остана само една сезона. Минатото лето тој му се приклучи на Волфсбург, но беше отпуштен во октомври, поради слабите резултати.

ПретходноИдниот фудбалер на Манчестер Сити даде шест гола на меч од Копа Либертадорес (видео)
СледноГолден Стејт се пласира во големото финале