И официјално во следната сезона, дресот на актуелниот македонски првак нема да го носат неколку имиња од сегашниот состав. Пред почетокот на дуелот со Тиквеш, последен од оваа сезона и важен за титулата, раководството на клубот им се заблагодари на неколку ракометари.
Кевин и Оливие Њокас, Жереми Тото, Патрик Валчак, Бакари Дијало и Стефан Додиќ ги заминуваат од „црвено-црните“ дресови. Сите тие пред стартот на дуелот со кавадарчани добија врамени дресови.