Вардар 1961 е старо новиот шампион во македонскиот ракомет. „Црвено-црните“ ја продолжија доминацијата, го подигнаа 15. пехар и сезоната ја завршуваат со двојна круна.
Ракометарите и оваа сезона покажаа зошто се на врвот, ја добија најважната битка на гостински терен во Битола, а потоа лесно ја приведоа сезоната. На последната средба го совладаа Тиквеш со 37-25 и ставија печат на уште една успешна приказна во македонскиот шампионат.