Иако деновите си минуваат, раководството на Шкендија сеуште нема назначено шеф на стручнит штаб. Во изминатите денови тетовци преговарале со повеќе имиња, како наши тренери, така и странци, „Спортмедиа“ веќе информираше за тоа, но најблиску до клупата бил Александар Васоски. Тоа се нашите последни информации. Имено Шкендија ќе го чека екс – стратегот на Вардар, А. Пандев и Сараево уште некој ден.
Инаку и без тренер Шкендија се чини дека почна „ремонт“ во тимот. Имено како што дознаваме клубот решил да им заблагодари на тројца странски играчи, кажано им е дека на нив во следната сезона нема да се смета.
Тоа се Јан Кривак (Словачка), Џеси Џоу (Камерун) и Андре Менсалао (Бразил).