Еуфоричниот Мурињо порача: Испишавме историја, ќе ја одбијам секоја понуда!

446

Рома синоќа постана првиот освојувач на Конференциската лига, во финалето во Торина славеше против Фејнорд со 1-0, а нејзиниот стратег Жозе Мурињо влезе во историјата на фудбалот, како прв тренер кој ги освоил Лигата на шампиони, Европска лига и Конференциската лига, има вкупно пет европски трофеи.

Пред финалето на зголемо се зборуваше околу тоа дали португалскиот стручњак ќе остане, но по освојувањето на пехарот веќе нема дилеми. Ова го потврди Мурињо во разговор со новинарите.

„Ќе ја одбијам секоја понуда. Нема сомнение, ќе останам во Рома и покрај шпекулациите. Остваривме историски успех и немам никакво сомнение, останувам тренер на Рома“, порача Мурињо.

ПретходноНикој не може со оваа легенда: Сите околу него скокаа, Мурињо направи еден потег (ФОТО)
СледноБостон на чекор до 22. финале во НБА-лига: Одбраната на Селтикс го „меле“ Мајами (ВИДЕО)