Идниот фудбалер на Манчестер Сити даде шест гола на меч од Копа Либертадорес (видео)

242

Ривер Плате го совлада перуанскиот Алијанца од Лима со 8:1 во групната фаза од Копа Либертадорес и се пласираше во наредната фаза од најдоброто клупско натпреварување во Јужна Америка. А шест од тие осум гола ги постигна Хулиан Алварез, идниот фудбалер на Манчестер Сити. 22-годишниот напаѓач ја изрешета мрежата на противникот, му даде шест гола и стана првиот фудбалер во 121-годишната историја на Ривер Плата кој го направил тоа.

Во досегашниот дел од сезоната Алварез на 17 натпревари има 14 гола и две асистенции.

Алварез наскоро ќе пристигне во Манчестер Сити и го сметаат за идниот Серхио Агуеро. Аргентинецот фантастично ги бранеше боите на „Граѓаните“, а сега Хулиан треба да ги следи неговите чекори.

ПретходноПипо се врати: Го избркаа пред три месеци, па сега го вратија како тренер на Бреша
СледноВан Бомел седна на клупата на белгиски Антверпен