Рома е првиот тим кој ја освоил Конференциската лига. Момците на Жозе Мурињо во финалето во Тирана го совладаа Фејнорд со 1-0, стрелец на единствениот гол беше Заниола.
Дел од оние кои не беа во Тирана, дуелот го проследија на „Олимпико“. Откако судијата означи крај следеше големо славје на теренот.
Погледнете ги сцените кои доаѓаат од Рим, истите ќе останат запаметени. За Рома ова е прв трофеј по 2008 година кога го освои Купот и Суперкупот.
Goia incontenibile all’#Olimpico
💛❤️ pic.twitter.com/CSkx7ennO0
— laroma24.it (@LAROMA24) May 25, 2022