Кејн преговара за нов договор

92

Хери Кејн по се изгледа уште долго ќе го носи дресот на Тотенхем. И покрај големата желба минатото лето тој да го напушти овој клуб и да се преселу во Манчестер Сити, тоа сега не е можно затоа што во Сити пристигна Халанд, па напаѓач повеќе не е потребен.
Од друга страна, Тотенхем идната сезона ќе игра во Лигата на Шампионите уште еден голем плус за останување на напаѓачот, па според сите најави, тој и управата на клубот седнуваат на маса на преговори за нов договор.

Тотенхем сезонава одигра далеку подобро отколку претходно, особено под водство на менаџерот Антонио Конте, па сега речиси и да нема причина тој да си замине од клубот, каде што е буквално „алфа и омега“.

 

ПретходноБлагоја Милевски: Барди е капитен после Ристовски!
СледноБалевски „Змија“ денеска со својот Хајдук