„Комитите“ и најмладите фанови најмногу се израдуваа на пехарот (ФОТО)

1825

Салата „Јане Сандански“ не беше исполнета како што знае да биде, особено кога станува збор за последниот меч од една сезона кога Вардар треба да го подигне пехарот. Топлото време и раниот термин на одигрување на дуелот со Тиквеш е една од причините поради која во салата имаше околу 400 поддржувачи на „црвено-црните“.

А на пехарот број 15. оваа сезона, најмногу се израдуваа верните „Комити“ и најмладите фанови на Вардар. Тие на крајот ја направија фотографијата за историја.

ПретходноБорко Ристовски: Ова беше турбулентна сезона во која Вардар покажа карактер и квалитет!
СледноТимот на Ангели со победа се отпиша од Првата лига