Македонската фудбалска репрезентација денеска ги стартуваше подготовките за претстојните натпревари од Лигата на нациите, против Бугарија нa 2 јуни во Разград, Гибралтар на 5. јуни во Гибралтар, со Грузија на 9 јуни и повторно Гибралтар на 12 јуни и двете во Скопје. Четири натпревари од групата на кои ќе треба да се покаже сила и да се оправдаат претходните резултати од квалификациите за СП.
Без неколку првотимци како на пример Ристовски, Адеми, Ракип, Јаховиќ… но тука се останатите подзасилени со играчи од У21 селекцијата.