Леванте за кого настапува македонскиот репрезентативец, Енис Барди не успеа да обезбеди место во Ла Лига, па од следната сезона ќе се сели во второлигашката конкуренција.
И ова не е единствениот проблем со кој се соочува овој клуб. Финансиските проблеми ги мачат првите луѓе на клубот, според шпанските медиуми имаат „дупка“ во буџетот од 10 милиони евра, а истите може лесно да ги реши доколку ја прифати понудата од градскиот ривал Валенсија.
Во пакетот кој доаѓа на прво место е Енис Барди, заедно со него треба да се преселат Хозе Кампања и Гонзало Мелеро. Јасно е дека оваа понуда е прениска, но останува да видиме дали двата тима ќе се испазарат за нешто повеќе.
Македонскиот репрезентативец се најде на листата на желби на неколку тимови од Италија, како Торино, Лацио…додека во Шпанија би можел да замине во Бетис и Реал Сосиедад, секако доколку одлучи да го напушти Леванте по пет години.