Лил на удар на француската полицијa: Каде завршиле 35 мил.евра од трансферот на Осимен?

249

Полицијата во Лил упаднала во просториите на францускиот клуб Лил и барала документи за трансферот на Виктор Осимен во Наполи пред две години. Наполи го купи нигерискиот напаѓач за 75 милиони евра, а трансферот беше сомнителен со оглед на комплексоста на зделката и тоа што Наполи придодаде четири фудбалери во истата.

Орестис Карнезис, Чиро Палмиери, Луиџи Лиџуори и Клаудио Манци чија вредност била 20,3 милиони евра биле вклучени во зделката. Но истражителите сметаат дека цената на овие фудбалери била „напумпана“ за да ќари некој од зделката, а всушност нивната сума изнесува 470,000 евра.

Лил добил само 36 милиони евра од фудбалерот, а каде завршиле другите пари е непознато. Токму тоа е цел на истражителите во Лил.

Од друга страна фудбалскиот клуб покрена своја истрага и го прозва поранешниот сопственик Жерар Лопез кој веднаш по трансферот на Осимен си замина од клубот и отиде во Бордо.

ПретходноВардар им се заблагодари на Њокаси, Тото, Валчак, Дијало и Додиќ
СледноПознати се деталите од трансферот на Мхитарјан во Интер