Милевски: За жал почнуваме со проблеми, откажа и Ердал Ракип!

3811

Во пресрет на стартот на подготовките за настапот на нашата А- репрезентацијата во Лигата на Нации и пред мечот со Бугарија, селекторот Благоја Милевски денеска на прес покрај другото кажа…

За жал почнуваме со проблеми. Костадинов и Ристовски не се тука, Адеми и Јаховиќ јас ги ослободив поради напорна сезона. Ердал Ракип поради семејни причини откажа. На овие мечеви секако ќе имаме пред се резултатски предизвик, а потоа ќе видиме со што располагаме во однос на составот во моментов“.

И тој е свесен дека некои играчи не се во натпреварувачка форма…

Не можете да барате од играчите да бидат во натшреварувачка форма затоа што е крај на сезоната, дел сеуште играат. Велковски вечерва игра финале, Трајковски, Алиоски играат вкендов, Етеми исто така. Сепак ова ќе биде најголем тест за потенцијалот со кој располагаме“ вели Милевски.

ПретходноВасоски најблиску до клупата: Шкендија им се заблагодари на Кривак, Џеси и Менсалао…
СледноБлагоја Милевски: Барди е капитен после Ристовски!