Пипо се врати: Го избркаа пред три месеци, па сега го вратија како тренер на Бреша

551

Филипо Пипо Инзаги се врати на кормилото на Бреша, само три месеци откако беше отпуштен од клубот.

„Бев вратен на работа и среќен сум“, изјави 48-годишниот Инзаги за локалните медиуми.

Поранешниот италијански репрезентативец имаше клаузула во договорот што не дозволуваше да добие отказ, доколку обезбеди место во првата половина на табелата во Серија Б.

Бреша заврши на петтото место и на крајот беше елиминирана во полуфиналето од плеј-офот, со што пропушти настап во Серија А.

ПретходноАстон Вила купи Бразилец за 33 милиони евра
СледноИдниот фудбалер на Манчестер Сити даде шест гола на меч од Копа Либертадорес (видео)