Ерменскиот репрезентативец Хенрик Мхитарјан ќе биде нов играч на Интер. Од повеќе страни пристигнуваат информации дека зделката ќе се реализира и само прашање на време е кога „Нероаѕурите“ ќе го објават трансферот.
33-годишниот фудбалер ќе дојде во Интер како слободен фудбалер, а ќе потпише двегодишен договор според кој ќе добива 3,5 милиони евра на годишно ниво.
На Ерменецот Интер ќе му биде осми клуб во кариерата. Почна во Пјуник, потоа играше за украинските Металург и Шахтјор, двата од Доњецк, потоа три години во Борусија Дортмунд, па во Манчестер Јунајтед, Арсенал, а од 2019 година дојде во Рома.