Денеска се игра последното коло во плеј-аут лигата. Тука веќе одамна нема дилеми околу имињата на екипите кои во следната сезона ќе се преселат во второлигашката конкуренција. МЗТ Скопје 2 и Ангели не успеаја да се изборат за место во елитата.
Двата тима имаат шанса со победа да се простата од ова натпреварување. МЗТ Скопје 2 игра против Куманово, дуелот е закажан во 16 часот во малата сала „Јане сандански“, додека пак дебитантот е гостин на Кожув, мечот се игра во 18 часот. Ангели овој дел го одигра одлично, покажа дека сепак треба да биде дел од најдобрите.
МЗТ Скопје 2 е последен на табелата со 35 бода, додека Ангели е над него со 40 бода.
Вчера Работничи славеше против Академија ФМП на гостински терен со 68-76 и плеј-аут лигата ја завршува на второто место на табелата во ова друштво.