Покрај екипата на МЗТ Скопје 2 во второлигашкото друштво се сели и тимот на Ангели кои денеска со победа се простија од Првата лига. Во салата во Гевгелија Ангели славеа над Кожув од 84:80.
Најефикасен на мечот беше Илија Колев од Кожув со 35 поени, Деј постигна 20 поени, а Стерјов имаше дабл-дабл со 13 поени и 14 одбрани. Кај победничкиот тим најефикасни беа Андреја Атанасов со 21 поен, а Милан Милков заврши со поен помалку.
Ангели одиграа одлично во вториот дел од сезоната, остварувајќи 10 победи, дури осум во плеј-аутот.