Пред денешниот прв тренинг на нашата фудбалска репрезентација, своите размислувања за следните предизвици ги даде и младиот репрезентативец и дебитант во составот на Милевски, Енис Фазлагиќ.
„Задоволство и чест е да се биде дел од нашата А-репрезентација. Се подготвуваме да го дадеме максимумот од нас. Лигата ми заврши на 21 мај, така што немам голема пауза. Во тренажен процес сум и подготвен сум да го дадам максумимот на натпреварите кои следувааат. Овој тим покажа дека може да прави големи нешта. Ја гледав репрезентацијата и навиваз за Македонија. Верувам дека постарите играчи во овој тим ќе не научат нас помладите на многу работи“, вели младиот фудбалер на Висла Краков.