EВРОЛИГА: Бартомеу сменет после 22 години, Бодирога седнува на негово место?

1861

Досегашниот директор на Евролигата Жозеп Бартомеу е веќе поранешен извршен директор на најсилното европско кошаркарско натпреварување. Денеска на состанокот на 11 акционери на кое требало да се расправа за иднината на ова натпреварување, меѓу кое и соработка со НБА лигата, заврши во тајност со само еден заклучок дека Бартомеу е сменет и после 22 години заминува од функцијата.
Негова смена, како што пренесува грчка Газета, гласале ЦСКА, Олимпија Милано, Жалгирис, Макаби, Олимпијакос и Панатинаикос, а на спротивната страна биле шпанските клубови со поддршка на Ефес и Фенербахче.
Не помина идејата мандатот на Бартомеу да добие уште еден мандат.
Неофицијално, Дејан Бодирога би можел да биде главен кандидат да го замени Бартомеу на директорската позиција.

ПретходноЕвролига драстично ја намали казната на Жалгирис за навредливите скандирања кон Звезда
СледноБерни Еклстоун уапсен во Бразил