Балевски „Змија“ денеска со својот Хајдук

1011

Ванчо Балески популарниот Змија е легенда на скопски Вардар и на македонскиот фудбал. Некоашниот миленик на скопската публика дел од својата богата кариера ја мина и во Хајдук Сплит кој денеска го игра финалето од националниот куп на Хрватска против лутиот ривал од Јадранот, тимот на Ријека.

„Нека се знае дека и во Скопје денеска се навива за Хајдук во финалето од купот на Хрватска“ – им изјави Балевски на медиумите во Хрватска па додаде.

„Секако дека следам што се случува со Хајдук. Неодамна бев во Сплит. Редовно сум во контакт со Боро Приморац, Хајдук е мој клуб. Мојата внука исто така е „заразена“ со фудбал, ми рече да и донесам дрес од Хајдук“ – вели Балевски.

Финалето помеѓу Хајдук и Ријека стартува во 19:00 часот.

 

ПретходноКејн преговара за нов договор
СледноВасилев одбра првично за ЕП во Тбилиси