Милевски за тоа што може да се очекува во однос на резултатите, а посебно за мечот со Бугарија имаше свој коментар.
Треба прво да се каже дека со оглед на тоа дека нема да може да се смета на Стефан Ристовски, Енис Барди ќе биде капитенот на нашата селекција на претстојните мечеви на нашата најдобра репрезентација…
„Пред се јас би бил задоволен ако сите кои ќе добијат шанса го дадат својот максимум. Видете, Бугарија пред се носител на групата, но тоа не секогаш е мерило на квалитетот, но јасно е дека нашата група во ЛН е квалитетна. Никој не смее да се отпише, ни Гибралтар, групата е изедначена. Секој сака да има што подобар резултатм сакаме и ние. Јас барам од момците само да го дадат својот максимум“ коментари Милевски.
Нашиот селектор како и секогаш и сега вели дека секој меч е важен…
“Секој меч е важен, бодовите се тие од секој меч, без разлика дали си играл со Гибралтар или Италија. Малку ни отежнува фактот за трансферот од Разград до Гибралтар, но ќе се носиме со сите предизвици. Иако е чартер лет ќе полетаме од Варна а ќе слетаме во Малага, па потоа со автобус а разликата меѓу тие два меча е само три дена“.
Милевски напоменува дека додека е тој селектор нема да има рез или драстично подмладување…
„Додека јас работам со репрезентацијата нема да видете било каков рез или драстично подмладување. Ние тоа го правиме во од што се вели, приклучени се дел од играчите од У-21 селекцијата, така ќе биде и во иднина. Благоја Милевски е менлив, не само јас туку и сите, но мене ми важно да бидеме конкурентни и да имаме континуитет а не инстант резултати“ заклучи нашиот селектор.