Рома синоќа постана првиот освојувач на Конференциската лига, во финалето во Торина славеше против Фејнорд со 1-0, а нејзиниот стратег Жозе Мурињо влезе во историјата на фудбалот, како прв тренер кој ги освоил Лигата на шампиони, Европска лига и Конференциската лига, има вкупно пет европски трофеи.
Пред финалето на зголемо се зборуваше околу тоа дали португалскиот стручњак ќе остане, но по освојувањето на пехарот веќе нема дилеми. Ова го потврди Мурињо во разговор со новинарите.
„Ќе ја одбијам секоја понуда. Нема сомнение, ќе останам во Рома и покрај шпекулациите. Остваривме историски успех и немам никакво сомнение, останувам тренер на Рома“, порача Мурињо.