Ибрахимовиќ: Трпам болки и пијам таблети шест месеци поради Милан

180

Златан Ибрахимовиќ нема да биде во можност да настапува за Милан во следните шест до осум месеци затоа што заминува на операција на коленото. Тоа го потврди самиот клуб, но и Ибрахимовиќ кој преку социјалните мрежи и се обрати на јавноста.

Тој детално опиша низ што се минувал изминатиот период за да може да настапи на дел од мечевите и да му помогне на Милан да освои титула во Серија А.

„Последните шест месеци буквални играм со потечено колено. Примив безброј инјекции, таблетите против болки ми станаа секојдневие, минимум еднаш неделно го празнев коленото. Шест месеци играм без лигамент во едното колено. Само десетина пати можев да тренирам со остатокот од тимот. Се во името на клубот, во името на успехот на Милан“ – изјави Ибрахимовиќ.

За него сеуште не е познато дали по опоравувањето од операцијата ќе продолжи активно да игра фудбал или пак ќе каже збогум на 41. година.

ПретходноКунде ќе биде првото засилување за новиот сопственик на Челзи
СледноЕвролига драстично ја намали казната на Жалгирис за навредливите скандирања кон Звезда