Катаи го урна Партизан, Звезда го одбрани Куп-трофејот и заокружи двојна круна (видео)

222

Екипата на Црвена Звезда повторно е освојувач на Купот на Србија откако вечерва на „Рајко Митиќ“ во Белград славеше победа со 2:1 над лутиот ривал Партизан. „Црвено-белите“ стигнаа до двојна круна со оглед на тоа дека триумфираа и во шампионатот. Партизан остана без ниту еден трофеј сезонава.
Голема заслуга за трофејот на „црвено-белите“ има Александар Катаи кој ги постигна двата гола. Првиот за водство во 26. минута, во 62. минута изедначи Урошевиќ, а десеттина минути подоцна Катаи со вториот гол ја донесе победата но и трофејот за Звезда.
Инаку ова е четиринаесетти трофеј од Купот на Србија за Црвена Звезда почнувајќи од 1992 година.

Претходно„Рисовите“ означија старт на подготовките за Лигата на нациите (видео)
СледноАшковски: Горди сме што играме за Македонија, сите ќе го дадеме максимумот