Хајдук со пресврт ја совлада Ријека на Велковски и го освои Купот

86

Дарко Велковски и екипата на Ријека не успеаја да се закитат со хрватскиот куп, откако вечерва на „Пољуд“ во Сплит загубија со пресврт од екипата на хајдук со 3:1. Велковски беше стартер за Ријека и го одигра целиот меч, но неговиот тим на крајот мораше да им честита на сплитските „бели“.

Ријечани поведоа со голот на Дрмиќ во 13. Минута, но веќе во 24. Минута со голот на Феро Хајдук израмни на 1:1. До полувреме домашните веќе направија пресврт со голот на Мелњак, фудбалер кој го постигна и третиот гол за Хајдук на почетокот на второто полувреме за конечни 3:1.

За сплитскиот гигант ова е седмата куп титула во Хрватска.

ПретходноФазлагиќ: Чест е да се биде дел од А-репрезентацијата
СледноГолден Арт им се заблагодари на Василевски и Димитров