„Црвено-црна“ доминација: Вардар 1961 ја запечати 15. титула (ФОТО)

153

Сосема очекувано, Вардар 1961 ја одбрани титулата во македонскиот шампионат. „Црвено-црните“ на домашен терен го совладаа Тиквеш со убедливи 37-25 и заслужено се радуваа на двојната круна оваа сезона. Претходно Давид Дејвис и неговите момци го подигнаа пехарот во Купот на Македонија за продолжување на доминацијата.

Пред почетокот на оваа средба, раководството на клубот им се заблагодари на Тото, Кевин и Оливие Њокас, Дијало, Валчак и Додиќ, им додели врамени дресови. Засега останува непознато дали следната сезона на клупата ќе остане шпанскиот стратег, Давид Дејвис.

Немаше големи изненадувања на оваа средба, Вардар тргна силно, брзо го урна отпорот на противникот 16-7 во 24 минута. Четири минути подоцна Дибиров зголеми на 18-8, на одморот замина со позитива од 18-10.

Не сме смени ништо ниту во второто полувреме, Вардар без проблем го приведе овој дуел. Гостите беа немоќни, домаќинот имаше само една цел, убедливо да дојде до титулата. Дејвис им даде шанса и на оние ракометари кои не добиваа шанса цела сезона.

Дибиров и Талески со по десет гола беа први стрелци, Ќосески имаше седум погодоци. Мартин Томовски имаше 12 одбрани. На другата страна Симиќ постигна седум гола, еден помалку имаше Јанчев.

ПретходноПознати се деталите од трансферот на Мхитарјан во Интер
СледноАндонова продолжи со Леванте