Претседателот на УЕФА Александар Чеферин ја коментираше желбата на Италија да го организира Европското првенство 2032 година. Првиот човек на Европската фудбалска куќа вели дека постои интерес од страна на Италија за тоа, но додаде дека државата ќе мора многу да работи за подобрување на инфраструктурата затоа што е катастрофална.
„Зборувавме со претседателот на Италијанската Фудбалска Федерација Габриеле Гравина за проблемите со стадионите. Разбирам дека нацијата обожава фудбал, но инфраструктурата е очајна. Тоа е недозволиво за државата како Италија.
Мора да ги употребиме сите расположиви средства да ја подобриме ситуацијата. Ако државата не интервенира, тоа може да биде проблем кога ќе аплицира за организација на ЕП“, кажа Чеферин.
За организација на ЕП 2032 ќе се кандидира и Турција.