Дринквотер замина од Челзи: Мојот трансфер е деловен потег кој тргна наопаку

974

Дани Дринквотер беше еден од клучните фудбалери на Лестер во сезоната во која „лисиците“ ја освоија шампионската титула во Премиер лигата. Тој стигна и до репрезентацијата на Англија, направи трансфер во Челзи вреден 35 милиони фунти и потоа неговата кариера тргна по надолна линија.
Сега вече 32-годишниот фудбалер во петгодишниот престој во Челзи одигра само 12 натпревари во Премиер лигата. Беше позајмуван во неколку клубови, а сега го напушта „Сттемфорд Бриџ“.
Заврши моето време во Челзи. Јас, клубот и навивачите сме многу разочарани од исходот и нема сомнеж во тоа. Повредите, начинот на кој ме лекуваа, грешки што ги направив, проблеми на теренот, малата минутажа… списокот на изговори може да биде бесконечен, но јас не можам да го променам тоа што се случи.
Ќе ги гледам позитивните страни во изминатите пет години. Играв со одлични фудбалери, имав одлични тренери, запознав фантастични места, патував низ светот и освоив трофеи. Фудбалот е фантастичен спорт, но ова за двете страни беше деловен потег кој тргна наопаку, како црно и бело.
Им се извинувам на навивачите што не го видоа најдоброто од мене“, изјави Дринквотер кој играше како позајмен во Барнли, Астон Вила, Касимпаша и Рединг.

ПретходноИграч на Севиља ќе биде првиот трансфер на Челзи во ерата на новиот сопственик
СледноМладиот талент на Бугарија: Не треба да се плашиме од репрезентација како Македонија