Играч на Севиља ќе биде првиот трансфер на Челзи во ерата на новиот сопственик

157

Одбранбениот фудбалер на Севиља Жил Кунде најверојатно ќе стане првиот трансфер на Челзи по доаѓањето на новиот сопственик Тод Боели. Американскиот милијардер, кој раководи со конзорциум кој го купил Челзи, ќе даде 200 милиони фунти за летна селекција, тврдат англиските медиуми.

Приоритет на Томас Тухел ќе биде да се засили одбраната откако се отвори дупка по заминувањето на Антонио Ридигер и Андреас Кристенсен.
Па така Кунде би требало да го „стегне“ дефанзивниот ред. Во јануари Челзи се обиде да го доведе Французинот, но тогаш Севиља одби да го пушти за помалу пари од клаузулата во неговиот договор во висина од 68 милиони фунти.

Севиља веројатно повторно ќе бара иста сума, но сега Челзи ќе може да ја плати сумата. Според медиумите од Островот Кунте исто така сака да направи трансфер во Челзи што е исто така голем плус за лондонскиот клуб.
„Дејли меил“ додаде уште три имиња како кандидати за дефанзивниот ред на Челзи, а тоа се Јошко Гвардиол од РБ Лајпциг, Пау Торес од Виљареал и Весли Фофана од Лестер.
Од „Стемфорд Бриџ“ заминуваат уште Сесар Аспиликуета и Маркос Алонсо.

ПретходноСелекторот на Украина пред мечот со Шкотска: После ракети и бомби веќе од никого не се плашиме
СледноДринквотер замина од Челзи: Мојот трансфер е деловен потег кој тргна наопаку