Френк Кеси се прости од Милан. 25-годишниот играч од средниот ред го напушта италијанскиот шампион откако му завршува договорот следниот месец. Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска, кариерата ќе ја продолжи во Барселона, со која претходно се договори за четиригодишна соработка.
„По пет години во клубот, не можете да замислите подобра разделба. Ова се неповторливи емоции – ние сме шампиони на Италија! Со гордост го носев овој дрес и чекорев по овој пат со неверојатни партнери. Благодарам за се! Ви благодарам на сите!” – напиша Кеси на Инстаграм.