Повеќе од 60.000 навивачи на Ливерпул се очекува да пристигнат во Париз за утрешното финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Повеќе од две третини од нив немаат билети за мечот, што ја загрижува локалната полиција.
Повеќе од 7.000 полицајци се ангажирани за одржување на редот во француската престолнина за време на викендот. Приврзаниците на Реал се очекува да бидат двојно помалку – околу 30.000. Навивачите ќе бидат повикани да се концентрираат само на одредени фан зони.
На двата клуба им беа доделени само 19.618 билети, иако капацитетот на стадионот е 75.000.