Јани Атанасов и неговиот тим Хајдук се освојувачи на овогодинешниот Куп на Хрватска. Тимот од Сплит синоќа со конечни 3:1 ја совлада Ријека на Дарко Велковски и заслужено го подигна пехарот по долги години трофеен пост на Пољуд.
Атанасов по завршивањето на дуелот го подигна пехарот со знамето на Македонија на својте рамења уште еден доказ дека нашите интернационалци никогаш не забораваат да го направат вистинскиот потег во вистински момент.