Напаѓачот на Ливерпул Садио Мане е се поблиску до Баерн Минхен. Тоа го тврдат германскиот „Билд“ и францускиот „Екип“. За интересот на „Баварците“ за напаѓачот се зборува неколку месеци, но иако 30-годишниот играч на Ливерпул има договор до идниот јуни, а клубот се обидува да го убеди да го продолжи но тоа нема да се случи и идната сезона Сенегалецот ќе игра на „Алијанц арената“.
Самиот играч пред околу две недели објави дека е среќен во Ливерпул, а пред некој ден на прес-конференција пред финалето на ЛШ против Реал изјави дека ќе зборува за иднината по мечот на „Стад д’Франс“.
À un an de la fin de son contrat avec Liverpool, l’attaquant sénégalais Sadio Mané devrait poursuivre sa carrière au Bayern Munich. https://t.co/QNGSjhA6nM pic.twitter.com/dAvEcd37WE
— L’ÉQUIPE (@lequipe) May 27, 2022
Според „Екип“ уште пред 10 дена Хасан Салихамиџиќ имал средба со агентот на Мане во Мајорка. Изданието додава дека Мане ќе потпише тригодишен договор со Баерн и ќе го замени Роберт Левандовски кој ќе ја продолжи кариерата во Барселона.
Понудата за Ливерпул ќе биде околу 30 милиони евра.
The transfer of Sadio Mane to Bayern Munich is intensifying according to Bild. pic.twitter.com/IJoUYIfPwr
— DaveOCKOP (@DaveOCKOP) May 26, 2022