Бојан Трајковски и следните две сезони ќе биде дел од екипата на Феникс 2010. Како што соопштија од клубот, денеска двете страни официјално ја продолжиле соработката.
Крилниот центар „виолетово-жолтите“ бои ги облече за вториот дел од сезоната, а оттогаш се наметна како незаменлив дел на амбициозниот тим на Феникс 2010.
На 13 одиграни натпревари Трајковски забележа просек од 20.5 поени, 10.1 скока и 3.2 асистенции.