Елиф Елмас ги изненади дечињата во тетовско Јеловјане

5230

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е познат по својата скромност и нормално однесување и покрај фактот што е огромна звезда, популарна низ целиот свет. Елиф остана истиот и ќе биде истиот и понатаму, уште од времето кога беше младинец во Работнички, и тоа нема да се промени без разлика каде ќе го одведе негоата кариера.

Во моментов тој е на заслужен одмор, наскоро ќе и се приклучи и на репрезентацијата која ја очекуваат јунските предизвици од Лигата на Нации, а во меѓувреме Елмас реши да ги изненади дечињата од тетовското село Јеловјане. Можеме само да замислиме како дечињата од основното училиште во ова место реагираа кога одеднаш пред нив се појави „дијамантот“ Елиф, а неизбежна секако беше и заедничката фотографија за спомен.

 

 

ПретходноБајрами официјално тренер на МЃП до 2024
СледноДортмунд го купува талентот на Манчестер Сити