МЗТ Скопје доби уште една битка против ТФТ оваа сезона. Актуелниот македонски првак во првата полуфинална пресметка славеше со убедливи 77-52 на домашен терен, сега победа го дели од финалето. Со овој триумф, „сино-белите“ ја продолжија триумфалната серија која трае веќе десет меча по ред.
Избраниците на Александар Петровиќ имаа водството во текот на целиот меч. На другата страна тимот од Тафталиџе само на стартот на првата четвртина имаше позитива од два поени (7-9). По 11-11 со поените на Војдан и Дамјан дојде на плус шест (17-11). Овој период заврши во корист на „сино-белите“, беше 21-17, на одморот предноста беше 37:31.
Третата четвртина беше клучна за домаќинот, истата ја доби со 20-12, дојде до највисоката позитива од 57-40, Маслинко со тројка пред стартот на последната четвртина намали на 57-43.
ТФТ не успеа да се врати на оваа средба, МЗТ Скопје без проблем го приведе овој дуел во своја корист, дојде на плус 20 (70-50) и стави крај на сите дилеми.
Тимската игра беше главната одлука на бранителот на титулата, дури дестмина кошаркари се запишаа во листата на стрелци. Кај ТФТ индивидуалноста не помина во Аеродром.
Милошевиќ постигна 13 поени, Дејвис имаше еден помалку, по десет имаа Војдан и Дамјан. Во редовите на поразениот состав, Хортон имаше 13 поени.