Ливерпул и Реал Мадрид утре во Париз ќе ги одмерат силите во рамките на Лигата на шампиони. Денеска двата тима одржаа прес-конференција. Јирген Клоп потенцира дека му засметала тревата на стадионот, која беше поставена вчера. Германскиот стратег изрази незадоволство од ваквата одлука на организаторот на спектаклот.
“Некој мислеше дека е добра идеја. Интересно е. Сепак, нема да ми го расипе расположението. Ќе играме на кој било терен. Реал ќе тренира по нас, истото ќе ви го каже и Карло Анчелоти. Не знам дали оваа одлука е добра или лоша. Се надевам дека нема да пишувате како кукам за теренот“, изјави Клоп, а Анчелоти ја прокоментира ситуацијата:
„Не знам дали Клоп е во право за теренот. Сè уште не сме го тестирале“, кратко рече тој и додаде: „Уживам оваа година, во овој клуб и овие играчи. Многу сум мирен. Ќе поминеме низ тоа со желбата што ја имаме да освоиме нов трофеј“.