Муслиу: Желбата да се игра за репрезентацијата е поголема од одморот

265

Бекот на македонската репрезентација Висар Муслиу зборуваше за претстојниот меч со Бугарија во Лигата на нациите.
Нормално е дека секој пат е потребно освежување на тимот. После она кое го минавме во месец март, сите ние очекуваме што е можно подобри резултати, тоа значи да бидеме први и да запишуваме победи во овој циклус на Лигата на нациите. Селекторот верува во нас и во нашите квалитети, тоа ни дава самодоверба. Ние тие работи мора да ги потврдиме на терен и ќе видиме на крајот што ќе биде. Ние сме докажале дека знаеме да победуваме со ривали како следните. Ги чекаме новите предизвици, желбата да се игра за репрезентација е поголема од одморот, концентрирани сме на тренинзите и на првиот меч со Бугарија“, изјави Муслиу.
Македонија ќе игра со Бугарија и Гибралтар во гости, а потоа дома со Грузија и Гибралтар.

ПретходноНадал без проблеми до осминафиналето на Ролан Гарос
СледноОдбојкарите пристигнаа во Галаци, прават тактика за втора победа