Нант и Лазаров не му дозволија на Монпеље да им го урне сонот за ЛШ

215

Нант дојде до важна победа во домашниот шампионат. Тимот за кого настапува македонскиот селектор, Кирил Лазаров на гостувањето кај Монпеље славеше со 27-29 во рамките на 27. коло. Овие бодови за Нант значат одбрана на второто место на табелата, која носи пласман во Лигата на шампиони. ЕХФ подготвува вајлд-карти за следната сезона, а една од нив оди во Франција.

Лазаров беше во составот на својот тим, но не запиша ниту еден гол. Најефикасен беше Мине со шест гола од осум обиди, пет имаше Ривера, последниот го постигна од седум метри за потврда на победата.

Нант по првото полувреме имаше минимална предност од 13-14, по одморот се водеше вистинска битка, а тимот на Лазаров успеа да дојде до два гола позитива и истата да ја одржи до самиот крај.

ПретходноНикола Јокиќ ќе потпише историски договор!
СледноКлоп: Не знам дали Анчелоти е во право околу тревникот!