Зад Никола Јокиќ е уште една МВП сезона во НБА-лигата, но неговиот Денвер не успеа да направи нешто повеќе во плеј-офот. Токму затоа многумина сметаат дека треба да ја промени средината, доколку сака да освои шампионски престен во најсилното светско клупско натпреварување, но најверојатно овие совети не допреле до него.
Според најновите информации тој ќе потпише нов договор со Денвер и тоа под многу подобри услови. Српскиот центар ќе остане верен на својот тим во следните пет години, а истиот ќе биде вреден 260 милиони долари, со што ќе постане најскапиот играч во историјата на НБА-лига.
Ова е понуда која тешко се одбива, а неговата промоција треба да се случи во јули.
Nikola Jokić plans to sign a five-year, $260 million supermax extension with the Nuggets when it’s offered in July, sources tell @ShamsCharania and @sam_amick.
The All-NBA center will be the highest-paid player in league history.
More: https://t.co/5w07HdqS2b pic.twitter.com/0YBMBAKnn9
— The Athletic (@TheAthletic) May 27, 2022