Пелистер поведе во полуфиналето на грбот на Малешевиќ и Кесар

108

Пелистер поведе во полуфиналната серија против Еуро Никел, на домашен терен славеше со 94-83 и се најде на победа до финалето. Избраниците на Марјан Илиевски уште на стартот го наметнаа своето темпо, не им дозволи на гостите да си заминат со целиот плен.

Лидери во составот на домашниот тим беа Кесар и Малешевиќ, заедно реализираа 51 поен, двоцифрен беше Крстајиќ, запиша 11 поени, исто колку и Младеновски. На другата страна Џекиќ беше осамен со 24 поени.

Битолчани беа експлозивни во првото полувреме, кое го добија со 52-27. Токму овој период беше пресуден за крајниот исход. Кавадарчани се разбудија по одморот, го подигнаа нивото и квалитетот на играта, третата четвртија ја добија со 22-32.

Иако негативата беше 74-59, сепак гостите притискаа.  Не се откажуваа од шансата да приредат изненадување, беа рамноправен противник во последниот период, но тоа не беше доволно за сензационален триумф. Па шанста ќе ја бараат на домашен терен.

ПретходноДамјан Шишковски: Македонија на секој меч ќе оди на победа!
СледноИндивидуалноста на ТФТ не помина во Аеродром, МЗТ Скопје на победа до финале!